Русија ги отфрли обвинувањата дека стои зад саботажата во Франција

Кремљ денеска ги отфрли шпекулациите на западните медиуми дека Русија стои зад саботажата на критичните инфраструктурни објекти во Франција за време на Олимписките игри.

„Ова е само уште едно неосновано обвинување“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на денешната прес-конференција.

Според него, има многу неквалитетни медиуми, па дури и угледни, кои во последно време не бегаат да ја обвинат Русија за „буквално се што се случува“, пренесува Танјуг.

Песков посочи дека тоа не придонесува за имиџот на тие медиуми како доверливи извори на информации.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави во саботата дека не може да ја исклучи странската вмешаност во петочната саботажа на француската железница неколку часа пред церемонијата на отворање на ОИ во Париз.

Дарманен денеска посочи дека е уапсен активист на крајната левица во врска со саботажата на француската железница што се случи пред почетокот на Олимпијадата.

Тоа е прво објавено апсење по диверзантскиот напад, кој се случи во петокот неколку часа пред церемонијата на отворање на ОИ, пренесува Ројтерс. Дарманен претходно денеска изјави дека екстремните левичарски екстремисти најверојатно стојат зад саботажата на француската железница во петокот.

Пронајдете не на следниве мрежи: