РУСИЈА ГО ЗАПРЕ ПРОТОКОТ НА НАФТА КОН ПОЛСКА: Свртена славината на гасоводот Дружба

Русија го запре протокот на нафта во Полска преку нафтоводот Дружба, соопшти денеска извршниот директор на полската рафинерија ПКН Орлен, Даниел Обајтек, пренесува Ројтерс.

РУСИЈА ГО ЗАПРЕ ПРОТОКОТ НА НАФТА КОН ПОЛСКА: Свртена славината на гасоводот Дружба

„Русија го запре протокот кон Полска, за што сме подготвени. Само 10 отсто од суровата нафта доаѓа од Русија, а ние ќе ја замениме со други извори“, објави Обајтек на Твитер и рече дека „ефикасно се обезбедуваат залихите“.

Рафинеријата ПКН Орлен објави дека може целосно да ги снабдува своите рафинерии преку море и дека прекинот на испораките преку гасоводот Дружба нема да влијае на испораката на бензин и дизел до потрошувачите.

Нафтоводот Дружба е изземен од санкциите што Европската унија ги воведе кон Русија поради инвазијата на Украина, пренесува британската агенција.

Компанијата испорачува нафта на Полска, Германија, Унгарија, Чешка и Словачка, а нафтоводот беше изоставен од пакетот санкции за да им помогне на земјите со ограничени алтернативи за снабдување со нафта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.