Руските власти ги обвинија Кипар и земјите членки на еврозоната за нарушување на правата на сопственост и ѝ се заканија на островската медитеранска земја со влошување на односите во очајничките обид да се запре воведувањето на данокот којшто руските клиенти на капарските банки може да ги чини 1,9 милијарди американски долари.Кипарскиот парламент ја одложи за вторник расправата за согласноста за итната финансиска помош од Европската унија во износ од 10 милијарди евра. Средствата ќе бидат доделени во замена со ветувањата за оданочување на сите штедачи кои имаат депозити во кипарските банки, од кои речиси половината се руски правни и физички лица, кои еднократно ќе бидат оданочени со данок од 6,75 отсто на влогови до 100 илјади евра, и 9,9 отсто на депозитите над тој износ.По два дена молк на оваа тема, руските власти во понеделникот реагираа мошне остро. Претседателот Владимир Путин изјави дека одлуката на земјите од еврозоната и Кипар е „нефер, непрофесионална и опасна“, премиерот Дмитриј Медведев го спореди овој данок со конфискација, а министерот за финансии Антон Силуанов изјави дека мислењето на Русија не било доволно земено предвид.„Ова е многу чудна и контроверзна одлука, донесена од страна на одделни земји членки на Европската унија, го имам предвид и Кипар. Да зборуваме отворено, тоа изгледа едноставно како конфискација на туѓите пари“, изјавил рускиот премиер Медведев на состанокот на надзорниот одбор на Внешекономбанк, пренесува РИА Новости.„Се разбира, ние мораме од тоа да извлечеме некои податоци, бидејќи имаме свои односи со Кипар. Се разбира, ние ќе продолжиме со консултациите, но неопходно ќе биде некои да ја коригираат својата позиција, секако дури и со разбирање дека, генерално, пожелно е парите да се чуваат во руските банки“, рекол премиерот.Според рејтинг агенција Moody’s, руските банки коишто вршат трансакции со руски фирми регистрирани на Кипар и со кипарските банки се изложени на ризик од вкупно меѓу 43 и 53 милијарди долари во случај на банкрот на Кипар. Притоа, обемот на средствата на руските банки кои се депонирани во кипарските банки, агенцијата го проценува на 12 милијарди долари, а износот на депозитите на руските компании на Кипар на 19 милијарди долари.
Тежок ударНајголемите компании во Русија, вклучувајќи ги и „Норилскиј никел“, „Мечел“, холдинот „Основен елемент“ и НЛМК, во својата сопственичка структура имаат субјекти регистрирани на Кипар и ги вршат трансакциите преку кипарски банки. Меѓутоа, и покрај повеќето повици на претседателот Путин на процесот на ткн „деофшоризација“ на руската економија, износот на средства кои се чуваат во офшор сопственост, не се намалува.Руската берза веднаш реагираше на одлуката за еднократно оданочување на банкарските депозити на Кипар со пад од 2,2 отсто, враќајќи се на нивоата од средината на декември 2012 година. Најголем беше падот на акциите на банките „Сбербанк“ и „ВТБ“. Исто така и руската национална валута рубљата ослабе во однос на бивалутниот курс за седум копејки поради острото поскапување на американскиот долар.„Главната загриженост во врска со оваа приказна, може да се припише на фактот дека такво сценарио може да се повтори и кај банките во Шпанија и воИталија, иако претставници на еврозоната инсистираат на тоа дека ова е уникатна мерка за Кипар“, сметаат аналитичарите на банката „Санкт-Петербург“.Министерот за финанскии Силуанов истакнува дека Русија, којашто му додели кредит на Кипар од 2,5 милијарди евра, е загрижена од предложената конструкција на данокот на депозитите, бидејќи тој преседан ќе предизвика одлив на банкарски депозити од проблематичните земји во еврозоната и ќе го намали нивото на доверба во банкарскиот систем. Судбината на рускиот заем ќе биде разгледувана за време на посетата на кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис на Москва подоцна оваа седмица.„Ние претходно објавивме дека заедно ќе учествуваме со Европската унија во давањето поддршка, но произлегува дека мерките што беа најавени не се усогласени со руската страна. Прашањето за своето учество дополнително ќе го разработиме во поглед на моменталната ситуација“, изјави Силуанов за агенцијата Прајм.Претседателот на руската Државна Дума, Сергеј Наришкин, го спореди данокот на влоговите во банките на Кипар со национализација. „Мерките, коишто, можеби, ќе ги преземат кипарските власти, во крајна линија, потсетуваат на широка национализација на приватната сопственост, бидејќи слободни пари кои граѓаните ги става во банкарски сметки, тие ги сметаат за нивни и, очигледно, имаат свои планови за тоа како да ги користат овие алатки“, изјави Наришкин за руските медиуми.Политичкиот притисокРекторот на Руската економска школа, Сергеј Гуриев во разговорот за деловната новинска агенција Прајм, претпоставува дека откажувањето на руските власти да го пролонгираат кредитот за Кипар може да претставува „болен удар“ и може да доведе до промена на политичкото раководство на најмалата членка на Европската унија. „Мислам дека острите изјави што ги даваат руските политичари, мора да го убедат кипарскиот парламент да не го изгласа оваа безумно решение“, изјави Гуриев.Поранешниот прв вицегувернер на руската централна банка и челник на бордот директори на МДМ Банка, Олег Вјугин, ги нарече изјавите на руското раководство „политички притисок“. „Самото решение за ‘данокот’, коешто се предлага, не е адекватно. Можеби парламент и да не гласа за него. Сега сите изјави треба да се разгледуваат во контекстот на политичките притисоци врз оние кои ќе донесуваат одлуки…“, вели Вјугин за агенцијата Прајм.Порадикално настроените пратеници од руската Дума (парламентот) претпоставуваат дека слична судбина може да очекуваат и приходите од нафтата и гасот, кои Русија ги добива на сметки во странски банки. „Овие настани јасно покажуваат дека во еден критичен момент со руските депозити никој нема да управува“, изјави шефот на комисијата на Државната дума за енергетика, член на партијата Справедлива Русија, Иван Грачев.Гасните фантазии и коментарите на банкитеКипарскиот телевизиски канал Sigma TV објави дека рускиот енергетски гигант „Газпром“ се обратил до кипарските власти со предлог да обезбеди финансиска поддршка за банкарскиот сектор на земјата во замена за дозвола за производство на природен гас во ексклузивна економска зона на Кипар.Според телевизијата, руските претставници го испратиле предлогот до новиот кипарски претседател Никос Анастадиадис. Тој претпоставува обезбедување на средства за поддршка на финансиските институции во Кипар, што би ѝ овозможило на земјата да го одбегне добивањето помош од меѓународните кредитори со строгите услови.Официјалниот претставник на „Газпром“, Сергеј Купријанов, за агенцијата Прајм ја демантираше оваа информации.Групацијата ВТБ, во чиј состав на Кипар работи нејзината фирма ќерка Руска комерцијална банка (РКБ), ќе може да го процени влијанието на планираното воведување на еднократниот данок на банкарските влогови откако ќе го проучи текстот на законот, изјавиле за агенцијата Прајм, од прес-службата на ВТБ.Претседателот банката „Uniastrum“ контролирана од „Bank of Cyprus“ којашто е меѓу триесетте најголеми банки во Русија, Гагик Закарјан, вели дека не гледа закана за активностите на руската банка. „Имаме средства во Bank of Cyprus, коишто се користат за исплаќања. Обемот на тие средства е незначителен и се краткорочни“, вели Закариан според кој не е можно оданочувањето на тие средства не е можно.
МакфаксРуските власти ги обвинија Кипар и земјите членки на еврозоната за нарушување на правата на сопственост и ѝ се з