Министерството за надворешни работи на Русија објави дека ќе забрани голем број медиуми од Европската унија, како одговор на забраната за руските медиуми во Европа.
Во мај, Европската унија објави дека ја суспендира работата на четири „пропагандни мрежи поврзани со Кремљ“, лишувајќи ги од правото да емитуваат и дистрибуираат на нејзина територија.
- Дневен хороскоп за понеделник 1 јули! Биковите ги следат деловни проблеми, на Раковите им се смешка нова љубовУште еден возбудлив астролошки ден е пред нас, а еве што му подготвуваат ѕвездите на вашиот хороскопски […]
- МВР ја откри Америка: Лицето што го замени македонското знаме со албанско на врвот Голем Кораб не е државјанин на МакедонијаНа социјалната мрежа Фејсбук објавено е видео на кое се гледа како едно лице го закачува албанското […]
- Голи велосипедисти го окупираа Мадрид! Без срам си ги лижеа гениталиите – луѓето се шокираа кога гледаа нудисти во акцијаГрупа велосипедисти се соблече целосно голи за нудистичко возење велосипед во Мадрид.Здружението Педалибре оваа сабота наутро го […]
- Објавени резултатите од историските избори во Франција! Ле Пен слави: Макрон е уништен! Следува жестока битка во вториот круг!Француските гласачи денеска излегоа на гласање во првиот круг од вонредните парламентарни избори што ги најави претседателот […]
- Исчезна млад скопјанец, имал здравствени проблемиНа 30.06.2024 во 18:40 часот во СВР Скопје, В.С.(52) од Скопје пријавила дека од домот на подрачје […]
Забраната се однесуваше на Гласот на Европа, новинската агенција РИА и весниците Известија и Росијскаја Газета.
Руското Министерство за надворешни работи денеска возврати, објавувајќи список од 81 медиумска куќа од 25 членки на Европската унија, чија работа и емитување сега ќе бидат забранети во Русија.
„Руската Федерација постојано предупредуваше на различни нивоа дека политички мотивираното вознемирување на руските новинари и неоправданата забрана на руските медиуми во ЕУ нема да останат без одговор“, се вели во соопштението на Министерството.
„И покрај тоа, Брисел и главните градови на земјите-членки се одлучија на патот на ескалација, принудувајќи ја Москва да усвои реципрочни и пропорционални контрамерки“, се додава во соопштението.
Министерството ги обвинува западните медиуми дека „систематски шират неточни информации“ за руската „специјална воена операција“ во Украина.
Меѓу забранетите медиуми се француската новинска агенција Франс прес, австриската телевизија ОРФ, ирската телевизија РТЕ и шпанската новинска агенција ЕФЕ и паневропската Политико.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.