Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави рече дека Москва ќе ги постигне своите цели во Украина до крајот на годината.
Силите на Кадиров одиграа значајна улога во војната во Украина по инвазијата на Русија пред речиси една година, и тој склучи неформален сојуз со водачот на платениците од групата Вагнер, Евгениј Пригожин и другите националисти кои ја поддржуваат војната.
Во интервју емитувано на главниот канал на државната телевизија Росија-1, тој рече дека Русија има сила да го преземе главниот град Киев – од кој беше протерана во првите недели од војната – и оти мора да го преземе вториот украински град Харков и главното украинско пристаниште Одеса.
„Верувам дека до крајот на годината 100 отсто ќе ја завршиме задачата што ни беше поставена денеска“, рече Кадиров.