Пред повеќе од 26 години Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име и својот став не го менува. Ова е пораката која ја испрати руската амбасада во земјава еден ден откако во македонскиот Парламент пратениците со 80 гласа „за“ изгласаа започнување на процесот за Уставни измени.
-Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува, пишува на официјалниот “Твитер“ на руската Амбасада во Скопје.
Неколку дена претходно руската амбасада во земјава преку својот профил на “Твитер“ исто така обвини и дека има грубо мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Македонија, и дека тоа ги надминува сите граници.