Русија одговори на САД со забрана за влез за 18 Американци

Русија во саботата го забрани влезот на својата територија за 18 Американци, откако американското министерство за финансии во петокот навечер објави списокот со имињата на 18 руски државјани на кои им е забранет влез во САД и замрзнат имотот поради нивната наводна вмешаност во смртта на рускиот адвокат Сергеј Магнитски во затвор во Москва.„Војната со списоци не е нашиот избор, но не можеме да ја игнорираме вистинската уцена“, соопшти руското министерство за надворешни работи, објавувајќи список со имиња на 18 американски функционер „вмешани во кршењето на човековите права“.„Спротивно на американскиот список, кој е арбитриран, нашата листа ги опфаќа оние кои се вмешани во легализацијата на мачењата и доживотниот затвор во Гвантанамо, па се’ до апсења и грабнувања на руски државјани“, појаснува руското министерство за надворешни работи.САД во петокот воведе економски санкции против 18 руски државјани и државјани на уште три земји од Заедницата на независни држави (ЗНД – поранешни советски републики) поради сомневање во вмешаност во смртта во притворот на Сергеј Магнитски, адвокат кој работеше за британскиот инвестициски фонд Hermitage Capital.Имињата на личностите, чиишто функции и занимања не се прецизирани, објавени се на црната листа на американското министерство за финансии. Според американскиот закон, нивниот имот во САД ќе биде замрзнат, а американските државјани коишто би работеле со нив би биле подложни на кривичен прогон. Според податоците на американското министерство, повеќето од 18-те лица се од Русија, а другите се од Украина, Азарбејџан или Узбекистан.Американскиот Конгрес во 2012 година усвои закон со кој им се забранува влегување во САД на руски функционери и службеници кои биле вклучени наводно во смртта на Магнитски и се замрзнува нивниот имот.Сергеј Магнитски беше адвокат кој ги истражуваше случаите на наводна корупција во руските државни компании. Магнитски почина во притвор во Москва во текот на истрагата поради сомневањата дека му помогнал на британскиот инвестициски фонд „Hermitage Capital Management” кој го раководеше Вилијам Броудер да избегне плаќање данок. Броудер беше протеран од Русија како државен непријател.Западните медиуми, пак, и Hermitage тврдат дека Магнитски бил уапсен во 2008 година откако открил наводни малверзации од 5,4 милијарди рубљи (130 милиони евра), на полициски функционери и даночните власти на штета на работодавачи и на руската држава. За фискална проневера тогаш го обвиниле истите функционери коишто ги прикажал.Магнитски почина во ноември 2009 година, како советник на инвестицискиот фонд Hermitage Capital, на возраст од 37 години, по 11 месеци притвор, еден месец пред завршувањето на законскиот рок во кој можеше да биде држен во притвор, каде заврши поради обвинувањата за помагање во финансиска проневера.
МакфаксРусија во саботата го забрани влезот на својата територија за 18 Американци, откако американското министерство за фина

Пронајдете не на следниве мрежи: