Русија постави нуклеарни проектили на 180км од украинската граница: Сателитска снимка од воената база предизвика паника на Запад (ФОТО)

Складиштето на руското нуклеарно оружје наводно се наоѓа во воена база во Белорусија на приближно 180 километри северно од украинската граница!Изградбата на складиште за руско тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, како што дознава „Њујорк тајмс“, најверојатно започнала во март 2023 година во близина на градот Асиповичи, каде што се наоѓа воена база уште од советско време. Локацијата за складирање на нуклеарни боеви глави се наоѓа во истиот град како и ракетите „Искандер“ кои можат да испукаат нуклеарни или конвенционални боеви глави и кои Русија и’ ги предаде на Белорусија пред две години.„Њујорк тајмс“ објави дека новата инфраструктура, која беше идентификувана на сателитски фотографии во близина на Асипович, има карактеристики уникатни за руските нуклеарни складишта.Новата зона со висока безбедност е опкружена со три нивоа на ограда, покрај сегашниот безбедносен периметар на базата. „Њујорк тајмс“, исто така, откри покриен залив за товарење поврзан со скриен подземен бункер од советската ера. За заштита на локацијата кај Асипович беше распореден и систем за противвоздушна одбрана, кој се појави најдоцна до средината на 2023 година.
🇷🇺-🇧🇾Satellite images obtained by the NYT shows a new military base under construction in #Belarus where #Russian nuclear weapons could be deployed in the future.The site is 120 miles north of the #Ukrainian border at a military depot next to the town of Asipovichy. pic.twitter.com/0h2FAUAfYs— ConflictLive 💬 (@conflict_live) May 10, 2024
Ханс Кристенсен од Федерацијата на американските научници наведува дека нуклеарната база во Белорусија веројатно е дизајнирана да ги вознемири најисточните земји-членки на НАТО и додава дека тоа нема да и’ даде на Русија никаква значајна воена предност во регионот.На снимката се гледа изградбата на објектите која започна во последните недели.– Деталите сè уште се неизвесни, но изградбата очигледно влезе во нова фаза – рече Кристенсен.Договорот Минск-Москва, да потсетиме, предвидува дел од тактичкото нуклеарно оружје на Русија да биде распоредено на белоруска територија. Инаку, Белорусија минатиот месец одобри нова воена доктрина и дозволи прва употреба на нуклеарно оружје.На 7 мај, Министерството за одбрана на Белорусија објави „изненадна проверка“ на нестратегиско нуклеарно оружје, по слична најава на Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи: