РУСИЈА: ПРОТЕСТИ ПРОТИВ МОБИЛИЗАЦИЈАТА, ПРИВЕДЕНИ НАД 100 ДЕМОНСТРАНТИ

Во Русија приведени и уапсени се најмалку 109 демонстранти, кои протестираат против мобилизацијата.

РУСИЈА: ПРОТЕСТИ ПРОТИВ МОБИЛИЗАЦИЈАТА, ПРИВЕДЕНИ НАД 100 ДЕМОНСТРАНТИ

Во сибирскиот град Иркутск, според локалните активисти, приведени се најмалку десетина од 60-те демонстранти кои се собраа на централниот плоштад.

Во третиот по големина руски град Новосибирск, на видео објавено на социјалните мрежи, се гледа како демонстрант извикува: „Не сакам да умрам, Путин, ниту за тебе!“

Организатор на протестите е руското движење „Весна“ (Пролет), кое денеска повика на протести против мобилизацијата што ја најави претседателот Владимир Путин. На социјалните мрежи се објавени видеа од протести во источниот дел на Русија, во Новосибирск, Иркутск, Томск и други градови.

Московското обвинителство соопшти дека учеството во протести и недозволени „масовни настани“ е казниво дело што може да резултира со „до 15 години затвор“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.