Русија: Спречивме напад на украински дрон врз телевизиска кула

Руската против-воздушна одбрана спречи напад на украинско беспилотно летало врз телевизиска кула во југозападниот руски регион Брјанск, кој граничи со Украина, изјави утринава локален претставник.

Гувернерот на Бријанск, Александар Богомаз изјави дека пожарот е изгаснат и дека итната помош работи на местото на нападот.
„Две беспилотни летала се обидоа да ја нападнат ТВ-кулата. Немаше жртви или штети“, изјави Богомаз.

Руското Министерство за одбрана рано утринава соопшти дека украински беспилотни летала биле пресретнати над регионите Бријанск, Орјол и Калуга.
Гувернерот на Орјол, Андреј Кличков изјави дека над западниот регион биле соборени два дрона. Во Калуга, југозападно од Москва, третото беспилотно летало е уништено над областа Сукиничи, изјави гувернерот Владислав Шапша. Нема извештаи за штета или повредени во наводните напади

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.