„РУСКАТА ЛИНИЈА Е ПРОБИЕНА, ЗДРОБЕНИ СЕ ТРИ БРИГАДИ“ Украински генерал за ситуацијата на фронтот – продолжува пеколот на Бахмут

Врховниот командант на украинските копнени сили, генерал Олександр Сирски денеска изјави дека е пробиена руската одбранбена линија кај Бахмут.

„РУСКАТА ЛИНИЈА Е ПРОБИЕНА, ЗДРОБЕНИ СЕ ТРИ БРИГАДИ“ Украински генерал за ситуацијата на фронтот – продолжува пеколот на Бахмут

„Откако ги вративме селата Андрејивка и Клишчивка, беше пробиена противничката одбранбена линија“, тврди Сирски, а пренесуваат од воениот прес-центар.

Тој додаде дека овие мали градови „биле важен елемент на руската одбранбена линија која се протега од Бахмут до Горловка“.

Украинскиот генерал додава дека три руски бригади „биле здробени и целосно ја изгубиле борбената способност“ во битките кај Бахмут.

„Општата ситуација во источната зона и понатаму е комплицирана, а жестоките борби кај Бахмут продолжуваат“, рече тој.

Генералот Сирски вели и дека руската армија извршила бројни контранапади со надеж дека ќе ги врати загубените позиции.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.