РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРАТЕНИЦИ СЕ ТЕПАА НА САМИТОТ ВО АНКАРА: Ги скинаа знамињата и настана хаос! НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ КОГО УДИРА (ВИДЕО)

На самитот во Анкара жестоко се судрија членовите на парламентарните делегации на Русија и Украина.

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРАТЕНИЦИ СЕ ТЕПАА НА САМИТОТ ВО АНКАРА: Ги скинаа знамињата и настана хаос! НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ КОГО УДИРА (ВИДЕО)

Пратениците на украинската Рада на самитот на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК) се обидоа да го прекинат говорот на пратеничката од Думата од партијата Единствена Русија Ола Тимофеева.

На видеото се гледа дека украинските пратеници се обиделе да ги развијат знамињата зад неа, но членовите на руската делегација веднаш станале да ги спречат во тоа.

Се вмеша и претседателот на турскиот парламент Мустафа Шентоп кој прогласи пауза и побара од салата да биде изнесена украинската делегација која го прекршила правилата.

  • Може да зборува тој што добил збор. Нема да дозволам никој да го наруши мирот и редот. Ако некој има такви намери, нека ја напушти салата – рече Шентоп и нагласи дека нема да дозволи собранискиот настан да се претвори во улична акција.

Сепак, конфликтот продолжи и надвор од салата.

Во друго видео, украинскиот пратеник Олександр Мариковски го развиори знамето на неговата земја зад Тимофеева додека таа даваше изјава за медиумите. Еден постар руски заменик веднаш пријде и му го грабна знамето од рака, што беше поттик за нов конфликт меѓу Русите и Украинците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.