Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров), руски комичари објавија видео во кое од името на поранешниот украински претседател, Петро Порошенко разговараат со македонскиот премиер, Зоран Заев.
Комичарите во снимениот разговор зборуваат дека украинските научници ја откриле генетската врска на Порошенко со Александар Македонски, па така, лажниот Прошенко му вели на Заев, „сега можам да се викам Петро Македонски“. Од името на Порошенко комичарите на Заев му нудат помош украинскиот претседател да посредува за МПЦ кај вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Премиерот Заев со комичарите разговара за надворешната политика – Преспанскиот договор, односите Србија-Косово, Украина, односите со Русија, ЕУ и НАТО. Во еден разговор тие дури го вклучуваат и „генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Ова не е првпат руските комичари лажно претставувајќи да разговараат и со други познати личности. Тие досега разговарале со украинскиот претседател Порошенко, британскиот министер Борис Џонсон, турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, францускиот претседател, Емануел Макрон и други јавни личности.