РУСКИ НАУЧНИЦИ РАКУВААТ СО СМРТОНОСНИ ВИРУСИ – МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКААТ ПАНДЕМИЈА

Научниците се загрижени бидејќи во Сибир нивните руски колеги се справуваат со неактивни вируси кои се опасни за човештвото.

РУСКИ НАУЧНИЦИ РАКУВААТ СО СМРТОНОСНИ ВИРУСИ – МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКААТ ПАНДЕМИЈА

Руските научници би можеле да ризикуваат нова пандемија додека работат на откривање антички вируси во лабораторија во Сибир, предупредуваат експертите. Тимовите на поранешната лабораторија за биолошко оружје во сибирскиот град Новосибирск се обидуваат да ги активираат вирусите кои мируваат речиси половина милион години. Научниците од Државниот истражувачки центар за вирологија ги испитуваа зачуваните трупови на суштества од леденото доба, како што се мамутите и волнените носорози, со цел да ги изолираат и проучуваат инфекциите што ја предизвикале нивната смрт.

Проучувањето на мртви животни со заспани вируси се смета за ризично, бидејќи може да доведе до пренесување на болеста на живите суштества. Професорот Жан-Мишел Клавери од Националниот центар за научни истражувања на Универзитетот во Екс-Марсеј, изјави за Тајмс: „Векторското (на рускиот институт Вектор) истражување е многу, многу ризично. Нашиот имунолошки систем никогаш не се сретнал со овој тип на вирус. Некои од нив можеби се стари 200.000 или дури 400.000 години. Не, би бил многу сигурен дека се е безбедно“.

Во септември 2019 година, експлозија на гас одекна низ лабораторијата, во која се сместени екстремно опасни болести, вклучувајќи бубонска чума, антракс и ебола. Во експлозијата работник во лабораторијата се здобил со изгореници од трет степен. Друга лабораториска грешка во 2004 година довела до смрт на работник откако таа случајно си вбризгала игла што го содржела вирусот ебола.

Во Русија има вирус на сипаници

Лабораторијата е позната и по тоа што е едно од двете места во светот каде што се чува смртоносниот вирус на сипаници. Објектот инсистира на тоа дека се работи безбедно, но бидејќи комуникацијата меѓу западните научници и руските тимови е прекината по инвазијата на Путин на Украина, многумина се загрижени за потенцијалниот ризик што објектот го претставува за јавното здравје. Експертот за биосигурност од Кралскиот колеџ во Лондон, Филипа Ленкос, предупреди дека дури и најбезбедните лаборатории може да се пробијат.

„Многу од нас кои го анализираат и надгледуваат она што го правиме не се убедени дека потенцијалните придобивки, кои се во далечна иднина, нужно ги надминуваат многу реалните ризици што се во сегашноста“, рече таа за Тајмс.

Животните проучувани во Вектор се откриени во регионот Јакутија, каде температурите може да паднат до -55 (најекстремно и до -71) степени. Тоа е истото место каде француските научници неодамна идентификуваа повеќе од десетина праисториски вируси. Еден таков вирус е наречен Pandoravirus iedoma, кој потекнува од телата на мамути зачувани во ткн. „вечен“ мраз, волнени носорози и праисториски коњи.

Ова не е првпат научниците да откриваат антички вируси во леден екосистем. Во 2014 година, истите истражувачи пронајдоа вирус стар 30.000 години заробен во вечниот мраз и открија дека и по толку време, тој сè уште може да зарази организми. Научниците ги одмрзнаа за да го проценат нивното влијание врз јавното здравје.

Хемиска опасност

Сепак, ова откритие претставува многу реална и загрижувачка закана за луѓето бидејќи како што се топи и одмрзнува „вечниот“ мраз, мразот ги ослободува хемикалиите и микробите кои се заробени таму. Во 2016 година, едно дете почина, а десетици луѓе беа хоспитализирани по појава на антракс во Сибир.

Официјалните лица веруваат дека инфекцијата била предизвикана од топлотен бран кој го одмрзнал „вечниот“ мраз и откопал труп на ирваси кој бил заразен со антракс неколку децении порано. Приближно 2.300 ирваси умреле за време на избувнувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.