– Хеликоптер од типот „Ми-8“ со тројца членови на екипажот се урна во северниот дел на руската Република Карелија за време на лет за обука, соопштија локалните власти.
Артур Парфенчиков, шеф на Карелија, на Телеграм рече дека хеликоптер од типот Ми-8 на руското Министерство за вонредни ситуации не пристигнал на својата дестинација додека вршел лет за обука во регионот.
Местото на несреќата било во езерото Онега, второ по големина езеро во Европа, рече Парфенчиков, додавајќи дека група спасувачи веднаш е пратена да ги бара оние што се наоѓале во хеликоптерот.
Според него, екипажот и вработените во воздухопловниот центар во Санкт Петербург не се пронајдени.
Тој нагласи дека длабочината на местото на несреќата е околу 50 метри и специјалисти нуркачи се подготвуваат за спасувачка операција.
Парфенчиков ја упати локалната власт да ја обезбеди целата помош во спроведувањето на операцијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: