Рускиот партијарх за евентуална нуклеарна војна: Христијаните не треба да се плашат од крај на светот

Поглаварот на Руската православна црква ја изрази својата загриженост поради „прекумерната тревога и шпекулации за нуклеарното прашање“, нагласувајќи го нивното негативно влијание врз духовната состојба на луѓето.
Тој истакна дека „непријателот на човечката раса“ се обидува да предизвика конфузија и страв, што ги прави луѓето поподложни на манипулации.

Според патријархот, христијаните не треба да се плашат од крајот на светот, туку да го чекаат доаѓањето на Исус Христос. Важно е активно да се спротивставиме на злото во светот:
„Го чекаме Господ Исус да дојде во голема слава, да го уништи злото и да им суди на сите народи, но таквата надеж не значи дека треба да седиме и тивко да гледаме што се случува, дозволувајќи му на злото да победи“, рече тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: