Ова јадење брзо се подготвува, вкусно е, а повеќето намирници сигурно веќе ги имате во вашата кујна.
Денеска од ‘Бабина кујна’ ви претставуваме рецепт за пита со кашкавал. Идеална за појадок, вечера или ужинка.
Состојки:
– 2 јајца
– 150 гр. брашно
– 50 гр. гриз
– 50 гр. кашкавал на коцки
– 2 лажици рендан кашкавал
– 100 мл. јогурт
– 50 мл. млеко
– 1 млад кромид
– магдонос
– сол
Подготовка:
Изматете ги јајцата и додадете брашно, гриз и прашак за пециво. Додадете го кашкавалот на коцки и ренданиот кашкавал. Соединете ја смесата.
Додадете јогурт, млеко, сецкан кромид, магдонос и малку сол. Убаво измешајте, истурете во подмачкана тава и печете на 200 степени околу 50-60 минути.
Питата послужете ја топла. На здравје!