Ријалити ѕвездата и инфлуенсерка им испрати важна порака на сите, зошто мора редовно да одите на контрола, а доколку го воочите ова на кожата тоа треба да го направите веднаш.
Британската инфлуенсерка и ријалити ѕвезда Моли Меј, неодамна открила дека имала бенка на кожата поради која што за малку ќе го загубела својот живот.
Бенката на ногата ја воочила нејзината мајка која што ја советувала веднаш да оди на доктор, а набрзо стигнале лошите вести. Докторот по телефон ѝ ги соопштил вестите, додека била на службено патување во Италија.
„Одев со рак на кожата на ногата. Знаев дека е тука, но не знаев дека може да ме убие. На сите им препорачувам да ги прегледуваат своите бенки, задолжително да ги прегледуваат“, порачала инфлуенсерката.
Нејзината исповед погледнете ја во видеото: