Сè уште оди на неговиот гроб: Благица беше најголемата љубов на Тоше Проески

Да беше помеѓу нас, Тоше денеска ќе го славеше својот 38-ми роденден.
Иако ракометарката Андријана Будимир му беше последната девојка на Тоше Проески, таа сепак не била љубовта на неговиот живот.

Љубовта на неговиот живот, со која телефонски се слушал до самиот крај, била Благица Мицова Ристовска, со која покојниот пејач започнал врска во 1998-ма година. Биле заедно до 2002-ра година, кога прекинале поради преголемата популарност која ја доживеа Тоше.


Врската ја обновиле после неговиот настап на Евровизија во 2004-та година, па повторно прекинале во 2006-та година. Сепак, пријателите на Тоше тврдат дека тие двајца се допишувале сè до неговата смрт и дека на поранешната девојка постојано ѝ испраќал карти за концерт. Наводно во неговиот телефон сè уште стојат неговите пораки.


Телохранителот на Тоше Проески во една прилика рекол дека постои една девојка која пејачот најмногу ја сакал, а која и денес сè уште оди на неговиот гроб и на која ѝ посветил најмногу песни. Сите во описот ја препознале Благица.
Благица пак никогаш не сакаше да зборува за нивната врска. Денес таа е во брак и е мајка на две деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.