САД го осудија вчерашниот руски ракетен напад на Киев при што загина едно лице и беше оштетена зградата во која се наоѓаат неколку дипломатски мисии, вклучувајќи ги оние на Албанија, Аргентина, Чешка, Црна Гора, Северна Македонија и Португалија, соопшти синоќа Стејт департментот на социјалната мрежа „Х“.
-Неприфатливи се какви и да било напади врз дипломати или дипломатски објекти насекаде низ светот. Ја потсетуваме Русија дека има обврски согласно меѓународното право, вклучувајќи ја и Конвенцијата за спречување и казнување на злосторства против меѓународно заштитени лица, напиша портпаролот Метју Милер.
Информацијата синоќа ја потврди и нашето МНР.-Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. Воедно, информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев.
При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата. Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање, пишува во соопштението на МНР.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.