САД најавија воена помош од две милијарди долари за Украина

САД најавија нов пакет воена помош за Украина во вредност од две милијарди долари, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

„Ќе продолжиме да следиме што е потребно и да се погрижиме Украина да го добие она што и треба за да успее на бојното поле“, изјави Саливан на настан организиран од Си-Ен-Ен.
Тој рече дека земјите од Г7 денеска ќе објават нова рунда санкции за држави кои и помагаат на Русија.

„Како што поминува времето, ќе видите трајна ерозија на квалитетот и можностите на руската економија“, рече Саливан.
На прашањето за барањето на Украина да им испрати американски борбени авиони Ф-16, Саливан рече дека од перспектива на Вашингтон „Ф-16 не се прашање на краткорочна борба“. Според него, тоа е, „прашање за долгорочна одбрана на Украина“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.