САД уништија позиции на Хутите во Црвеното Море во „самоодбрана“

 – Соединетите Американски Држави (САД) уништија позиции на Хусите во Јемен, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).„На 26 февруари, помеѓу 16:45 и 23:45 часот (според локално време во Сана), силите на американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) во самоодбрана уништија три површински брода без екипаж, две мобилни противбродски крстосувачки ракети и еднонасочно јуришно беспилотно летало.“„Бродовите без екипаж и противбродските крстосувачки ракети беа подготвени за лансирање, а беспилотното летало беше над Црвеното Море“, соопшти ЦЕНТКОМ на платформата Х.ЦЕНТКОМ додаде дека утврдил дека тие претставувале „непосредна закана“ за бродовите на американската морнарица и трговските бродови во регионот.„Овие активности се преземени за да се заштити слободата на навигацијата и меѓународните води да бидат посигурни и побезбедни за американската морнарица и трговските бродови“, се додава.Јеменската група на Хусите извршува напади на товарните бродови што пловат низ Црвеното Море во сопственост или управувани од израелски компании или кои транспортираат стоки до и од Израел во знак на солидарност со Појасот Газа, кој е под израелски напад од 7 октомври.Црвеното Море е еден од најчесто користените поморски патишта во светот за испорака на нафта и гориво.Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин неодамна најави создавање на мултинационална мисија, операција „Просперитет Гардијан“, за да се спротивстават на нападите на Хусите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.