Садењето во пластични чаши е апсолутен хит: Еве како да одгледувате овошје и зеленчук бесплатно и без капка хемија

Секој од нас во својот дом има вишок пластични чаши, а исто така сите редовно купуваме овошје и зеленчук. Па зошто тогаш да не заштедиме малку и да бидеме поздрави?
Денеска ќе ви покажеме неколку едноставни совети како да ги одгледувате вашите омилени овошја или зеленчуци без хемикалии и пестициди, а притоа да не потрошите ниту еден денар. Само следете ги едноставните чекори и наскоро ќе имате своја мала градина која можете да ја чувате во кујната, дневната соба или на тераса.
Прво припремете ги пластичните чаши – отсечете го дното и пробушете го на неколку места со чепкалка за заби, да има дупчиња како и обичните саксии и ставете го дното во целата чаша. Потоа припремете го овошјето. Дали сте знаеле дека секоја јагода содржи околу 200 семки кои можете да ги посадите? Едноставно извадете неколку семки со помош на чепкалка, ставете малку земја во чашата и додадете ги семките во неа.
Напрскајте ја земјата со вода за да биде влажна и ставете ја саксијата на светло место. За 6 недели јагодите ќе започнат да растат и цветаат и ќе биде потребно да ги пресадите во поголема саксија.
На овој начин можете да одгледувате и малини, авокадо, лимон, домат… голем број овошја и зеленчуци. Садењето незначително се разликува за одредени видови на плодови, а сите детали погледнете ги во видеото во продолжение:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.