Дејвид Камерон, новоименуваниот шеф на британската дипломатија , денеска во Киев му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Велика Британија ќе продолжи да дава воена поддршка за Украина.
- „Гаспром“ испадна од топ 100 најпрофитабилни руски компании
- Неделен пад на цената на нафтата по потегот на Саудиска Арабија
- За вработените во образование утврдена минимална плата ПОНИСКА од минималната!
- Нето надворешниот долг на земјата зголемен за 109 милиони евра
- Новиот филм на Деми Мур ја тера публиката на повраќање : Некои го напуштија киното по неколку минути
Пристигнувањето на Камерон во Киев е негово прво патување во странство од неговото назначување за министер за надворешни работи.
– Сакав ова да биде моја прва посета. Ќе продолжиме да ви даваме морална, дипломатска, економска, но пред се воена поддршка што ви е потребна не само оваа и следната година, туку се додека е потребна – рече Камерон на средбата со Зеленски, соопштија од украинското претседателство.
Володимир Зеленски, Дејвид Камерон
Зеленски му се заблагодари на Камерон за неговата посета.
– Ви благодариме што дојдовте, ова е многу важно. Светот не е фокусиран на ситуацијата на бојното поле во Украина… поради кризата на Блискиот Исток – рече Зеленски.
Тој изјави дека на состанокот со британската делегација се зборувало за „доставување оружје на фронтот, зајакнување на воздушната одбрана, заштита на украинското население и основната инфраструктура“.
Пронајдете не на следниве мрежи: