„Сакај ја сопругата онака како што посакуваш да биде сакана твојата ќерка“

Жена им се обрати на сите мажи кои имаат ќерки за да им порача дека тие имаат најголемо влијание врз замислата на нивните принцези за тоа како треба да изгледа љубовта.
Никол Мерит во објава на Facebook им порача на татковците на девојчиња да се однесуваат кон сопругата онака како што сакаат да биде третирана нивната ќерка во иднина.
„Сакај ја сопругата онака како што посакуваш да биде сакана твојата ќерка“ – порачува таа.
До сите мажи кои имаат ќерки:
Сигурно и самата помисла твоето мало девојче да има „дечко“ те полудува. Мене да, иако сум само нејзина мајка.
Таа мала принцеза со ангелски лик од 3 килограми која пред 7 години ја одведе дома, веројатно ќе има симпатија во следните неколку години и ќе има момче уште неколку години подоцна. Тоа е страшно.


Добрата вест, сепак, е дека ти имаш способност да ѝ го покажеш сето она што таа го заслужува од еден маж.
Врските и браковите се тешки, и вистината е дека твојата ќерка ќе го научи тоа еден ден. Тие се вистински предизвик за луѓето, вклучително и за најдобродушните и најдобронамерни личности.
Најдоброто (и веројатно најтешкото) нешто што можеш да го направиш за ќерка ти е да бидеш пример како треба да биде третирана една жена.
МОРАШ ДА ЈА САКАШ СОПРУГАТА ОНАКА КАКО ШТО ПОСАКУВАШ ДА БИДЕ САКАНА ТВОЈАТА ЌЕРКА.
Твојата ќерка лесно паѓа под влијание, и за жал, таа ќе учи како изгледа љубовта од филмовите, телевизиските серии, списанијата, социјалните мрежи и нејзините пријатели. Барем така таа ќе си мисли.


Но, поверојатно е дека она што ќе го „собере“ надвор од домот ќе биде далеку од „вистинска“ и „правилна“ љубов.
Ти, и само ти, можеш да се бориш со ова – ако се однесуваш добро кон нејзината мајка и ако силно ја љубиш.
Сè започнува од дома – со тебе и твојата сопруга.
Денес и во сите останати денови, почитувај ја твојата жена.
Држи ја за рака секогаш кога ќе имаш шанса и често бакнувај ја.
Смешкај ѝ се. Гледај ја в очи. Слушај ја внимателно кога ти зборува. Отворај ѝ ја вратата. Зголемувај ѝ ја самодовербата. Пофали ја за нејзините постигнувања.
Охрабрувај ја кога тоа ѝ е потребно. Сочувствувај со неа кога таа бара поддршка. Оди на авантури со неа. Кажи ѝ дека е убава, и внатрешно и надворешно, и кажувај ѝ го тоа често.
Твојата ќерка не само што ја сака мајка си, таа е маѓепсана од неа. Врската мајка-ќерка е толку испреплетена што постои тенденција мајките и ќерките да живеат паралелен живот. Доколку го разбираш ова, ќе сфатиш дека:
Твојата врска со твојата сопруга е многу повеќе од вас двајцата.
Најголемиот подарок што еден татко може да ѝ го даде на својата ќерка, покрај неговото време и внимание, е да ја сака нејзината мајка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.