Тоа што беше најавено утринава од италијанските медиуми е потврдено попладнево, откако управата на Салернитана потврди дека го вратила на клупата тренерот Давиде Никола, кој беше отпуштен пред само два дена.
Тој беше отпуштен по катастрофалниот пораз од Аталанта (2-8).
„Ми се јави претседателот на клубот и ми ги објасни причините за отказот. Мојата молба за него беше да се преиспита и да размисли убаво. Среќен сум што го смени мислењето“, изјави Никола.
Според новинарите од Италија, главна причина за враќањето на стариот тренер не е предомислувањето на првиот човек на клубот, туку одбивањето на понудата од страна на првиот пик на управата за нов тренер, Рафа Бенитез.