Јапонија и Европската унија кон крајот на март ќе одржат самит чија цел ќе биде официјално покренување на преговори за постигнување договор за слободна размена, објавија во неделата јапонските медиуми.Претседателите на Европската унија, Херман ван Ромпуј, и на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, последната седмица од март ќе го посетат Токио каде што ќе се сретнат со јапонскиот премиер Шинзо Абе, пишува токискиот финансиски весник Nikkei.Во текот на таа средба би требало да биде постигнат конечен договор за покренување на долго најавуваните преговори на двете големи економски сили.Европските и јапонските челници, исто така, ќе одржат и одвоени преговори за политичкиот договор за соработка во безбедносната сфера, екологијата, науката и технологијата.Европските министри за трговија минатата есен ѝ препуштија на европската комисија отворање на преговорите со Јапонија за договорот за слободна размена и предвидеа заштитна клаузула за чувствителните сектори, како на пример за автомобилската индустрија.Европските производители на автомобили се сомневаат во резултатите на таквиот договор и го наведуваат претходниот договор со Јужна Кореја, кој стапи на сила во летото 2011 година. Европското здружение на производители на автомобили (ACEA), којашто долго се спротиставува на отворањето на преговорите со Јапонија, смета дека таквиот договор би бил „еднонасочен“.Европската унија и Јапонија претставуваат повеќе од ве третини од производството во автомобилската индустрија. Се претпоставува дека преговорите би траеле со години.
МакфаксЈапонија и Европската унија кон крајот на март ќе одржат самит чија цел ќе биде официјално покренување на прегов