Само 10 минути дневно ве водат до совршен струк!

Летото веќе е во полн ек и време е да облечеме костими за капење, но тоа не значи дека е доцна да почнете со интензивен тренинг и својот струк да го доведете до перфекција.
Имајте на ум дека вежбањето има подеднакво влијание и на вашето тело и на вашето здравје, па затоа впуштете се во процесот на упорно обликување на своето тело.
Совршено обликуван струк е водечки императив во светот на фитнесот, барем кога жените се во прашање. Станува збор за дел од телото кој има врска со генетика и типот на градба, но со адекватно прилагодена исхрана и упорни тренинзи може да постигнете сè што сте замислиле и да изгледате совршено.

За вашиот труд да вроди со плод, потребно е од исхраната да исфрлите нездрава, мрсна храна и слатки. Ова претставува одрекување кое не го поднесуваме лесно, но навистина е важно да се придржувате до овие правила, бидејќи станува збор за намирници, кои се лепат баш во пределот на струкот, во вид на масни наслаги.
Подрачјето на стомакот се активира речиси при секоја вежба, но ако сакате да го „извајате“ вашиот струк, ќе морате во вашиот тренинг да внесете и вежби кои се посебно специфични само за струкот. Овие вежби воглавно се статични, па потребни се повеќе повторувања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.