„Само ако ти дојдам!“: Заканите кон детето не се добро воспитување!

Сигурно сте слушнале како некои родители им велат на нивните деца: „само ако ти дојдам, ќе видиш ти убаво“ или „престани да удираш по стаклото, ќе те исфрлам од автомобилот“.
„Ваквите закани никогаш не се добар начин за воспитување на децата“, вели германскиот онлајн советник за прашања за огледување на деца, Урих Ритцер-Сахс, додавајќи дека родителите кои ги применуваат овие техники прават голема грешка.
Тој вели дека има многу клишеа кои се темелат на погрешни или застарени претпоставки за тоа како функционирааат децата.


Не можете да го казните детето кога не се однесува како што посакувате вие.
Доколку заканите не се повторуваат често туку само понекогаш кога работите ќе излезат надвор од контрола, тогаш нема да имаат влијание врз развојот на детето и неговата перцепција за реалноста и животот, но доколку целиот ваш пристап се темели на ваквите методи на воспитување, голема е веројатноста дека заканите ќе остават големи траги врз детето.
„Со заканата дека ќе го ифрлите од автомобилот, само ќе го исплашите вашето дете, а со тоа нема да има никаква корист“, вели докторот.
Заканите не се облик на дисциплина и најчесто немаат никаков увид во тоа зошто детето се однесува лошо. Со заканите, нема да го подобрите однесувањето на детето, ниту ќе го уплашите, а уште помалку ќе го научите на некаква вредност.
Лекарот ве предупредува дека во еден момент ќе снемате креативен начин како да му се заканите на детето и во определен момент ќе престане и да се плаши од вас. Како би реагирале доколку детето ви каже: „Добро, направи го тоа!“ ?
Со текот на времето, тоа ќе сфати дека заканите се нереални и дека нема да направите ништо, па затоа ќе си земе за право и ќе ве игнорира уште повеќе.
Па затоа, најдобро е да се обидете со причина-последица.
Наместо со закана, обидете се на овој начин: „доколку не ја завршиш домашната задача, нема да го научиш она што сте го вежбале на час“ или „доколку го правиш тоа, можеш да се повредиш“.
На овој начин ќе го научите детето како треба да се однесува и ќе го научите на некоја важна лекција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.