„Само за жени над 40 години“: Објавил оглас за работа, добил казна од 7.500 евра

Сопственикот на една мала продавница вели дека само сакал „некој сличен“ на претходниот вработен

Во морето огласи за работа кои секојдневно изненадуваат, се најде и овој: имено, Шпанецот Хавиер Маркос бара асистент за работа во продавница, но под многу специфични услови – може да се пријават само жени над 40 години.

Сопственикот на една мала продавница за завеси вели дека „само сакал да најде замена за работникот кој заминува во пензија и затоа сакал некој сличен“.

Сепак, не сите ја разбраа како што треба неговата намера. Трудовиот инспекторат реагираше и поради дискриминација по основ на возраст и пол му изрече глоба – во висина од точно 7.501 евро.
Како што пишува британски Гардијан, Маркос веднаш по опомена од Трудовиот инспекторат го повлекол огласот, но и покрај тоа – добил парична казна.

Немав намера да дискриминирам никого. Згора на тоа, сакав да им понудам можност за вработување на членовите на социјалната група на кои им е особено тешко да најдат работа – рече Маркос, додавајќи дека жените го сочинуваат најголемиот дел од неговите клиенти.

ВИДЕО: Една жена годишно издвојува до 2.000 евра за средства за хигиена за менструалниот циклус

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.