Само Меси и Роналдо се пред Икарди

Само Лионел Меси и Кристијано Роналдо, според учинокот во 2013 година, се наоѓаат пред 20-годишниот напаѓач на Сампдорија, Мауро Икарди.

Имено, гледајќи ги голгетерските учиноци на играчите во петте најсилни европски првенства (Серија А, Примера, Премиер лига, Бундес лига и Ле шампионат), Икарди се наоѓа на третото место. Аргентинецот во 2013 година има постигнато осум погодоци, поуспешни од него се само двајцата најдобри фудбалери на светот – Лионел Меси кој постигнал 13 и Кристијано Роналдо кој постигнал 10 голови.  Мауро Икарди, вкупно во Серија А, сезонава има постигнато девет голови, неодамна тој меѓу Аргентина и Италија, ја одбра Аргентина како земја за која ќе настапува.
Макфакс
Само Лионел Меси и Кристијано Роналдо, според учинокот во 2013 година, се наоѓаат пред 20-годи

Пронајдете не на следниве мрежи: