Само мит: Ова се шесте најчести заблуди за Дубаи

Дубаи важи за многу модерен град, а она што прво паѓа напамет кога се споменува е богатството, луксузот, модерната архитектура, скапите автомобили и шеиците со своите егзотични миленичиња.
Всушност многу од ваквите работи се мит, што го сфаќате штом ќе го видите градот во живо.
Дубаи е “главен град” на најбогатите луѓе на светот
Од пет илјади личности на светот чии банкарски сметки бројат милијарди, само 20 живеат во Дубаи. Пекинг брои најголем број на богаташи, а веднаш по него е Њујорк.


Нема сиромашни луѓе
Секако, ни ова не е точно. Постојат голем број на луѓе кои доаѓаат од сиромашни земји за да заработат само неколку стотина евра месечно. Тоа не е доволно за нивните стандарди, па многу живеат заедно за да заштедат.
Алкохолот е забранет
Многумина мислат дека во Дубаи е забранет алкохолот. Муслиманското население секако не смее да пие, но туристите кои сакаат да пијат алкохол треба да набават специјална картичка/туристичка виза. Алкохолот се служи во барови, хотели и клубови кои често се наоѓаат во склоп на самите хотели што на туристите дополнително им ја олеснува забавата.
Одлично се живее поради сончевото време
Луѓето понекогаш забораваат дека Дубаи се наоѓа во пустина. Доколку сте љубител на сауна, можеби ова време би ви одговарало бидејќи температурата во Дубаи достигнува и до 50-тиот Целзиусов степен и тоа напролет.
Полицијата вози само луксузни и скапи автомобили


Кога ќе се спомене стандардот во Дубаи, напамет ви паѓаат фотографии од луксузните автомобили кои ги вози полицијата. Но, мора да знаете дека помеѓу моделите на Ламборџини и Бентли има и помалку луксузни модели на Ауди или БМВ, а неретко полицијата вози и Тојота или некои други поекономични возила. Брзите автомобили кои ги гледаме на фотографиите ѝ се неопходни на полицијата бидејќи само со нив може да ги стигне престапниците кои возат исто толку брзи автомобили.
Дивите животни се чести домашни миленици


Казните за кршење на овој закон се многу високи, а некогаш може да се добие и казна затвор во траење од 6 месеци. Што се однесува до домашните миленици, во Дубаи воглавно се чуваат мачки бидејќи кучињата не им се баш најомилени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.