Сателитот на NASA снимил вонземјански брод 10 пати поголем од планетата Земја?

Таен објект забележала Соларната и хелиосферна опсерваторија (SOHO) заедно со Европската вселенска агенција.

Мисијата која што била покрената во 1996-та година ја проучува внатрешноста и надворешноста на Сонцето.

Во текот на изминатите 25 години опсерваторијата SOHO открила над 3.000 комети.

Истакнатиот уфолог тврди дека сателитот на SOHO снимил ”вонземјански коцкаст брод” кој што е 10 пати поголем од Земјата.

Во објавата на својот блог посветен за НЛО, Скот Виргин пишува дека огромната коцка наводно доаѓа и заминува со Сонцето за да собере енергија.

„Или коцките направиле шуплини на Сонцето за да живеат во него и да собираат енергија или пак постои некоја посебна честичка за која што ние не сме свесни.

А тие коцкасти бродови ги собираат тие ретки честички. Во секој случај, тогаш тоа е нивно Сонце, не наше. Ние немаме контрола над истото, онолку колку што тие ќе имаат“ – напишал Виргин во неговата објава.

Меѓутоа, научниците од агенцијата НАСА се сомневаат дека коцката која што е видлива на фотографијата е од вонземјанско потекло.

„Имав доволно искуства со вистински вселенска лет да сфатам дека тоа што се гледа во многу видео записи не е ништо повеќе од целосно нормална дневна појава која што се случува во неземјините околности“ – истакнал Џејмс Оберг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.