Саудиска Арабија ќе ги загрози и онака напнатите односи со своето шиитско малцинство доколку бидат обвинети 16 шиити уапсени под обвинение за шпионажа во случај кој е поврзан со шиитските власти во Иран, соопштија во средата локалните шиитски челници.Властите во Саудиска Арабија веќе обвинија неименувана странска сила за безредијата кои завладеаја меѓу шиитите во округот Катифа во со нафта богатата источна покраина. По неименувана странска сили вообичаено се подразбира Иран, а локалните активисти негираат каква и да е поврзаност со оваа земја. Во последните две години во судирите со полицијата во Катифа се убиени најмалку шеснаесет лица.Шиитските активисти велат дека во последните четири дена низ цела Саудиска Арабија се уапсени повеќе шиити од нивната локална заедница, како и дека нивните семејства не успеваат да стапат во контакт со затворените.Во вторникот навечер министерството за внатрешни работи објави дека разузнавачката служба поради шпионажа притворила еден Иранец и 16 Саудијци. Саудиска Арабија и Иран веќе подолг период се во затегнати однос, бидејќи и едната и друга држава сакаат да го зајакната своето влијание во регионот.Меѓу притворените шиити се двајца верски челници, како и еден банкар и еден универзитетски професор. Уапсени е се во градовите Ријад, Џеда, Мека и во Источната покраина.
МакфаксСаудиска Арабија ќе ги загрози и онака напнатите односи со своето шиитско малцинство доколку бидат обвинети 16 шиити у