Откако деновиве го нападна Марсеј, сега сахарската прашина стигна и до германскиот град Штутгарт каде го обои небото над градот во жолтеникава пустинска боја.
Бурата наречена Тристан настаната поради нискиот атмосферски притисок однесе песок од пустината Сахара во Европа дури до Југозападна Германија, односно до сојузната покраина Баден-Виртемберг чиј главен град е Штутгарт.