Во статус на неговиот Фејсбук профил се приклучи со свое мислење за масовното убиство во Белград и Сашо Тасевски. Неговиот статус го пренесуваме во целост.
Еве ви го примерот со кучиња убијци кога браните, сега по ист терк го бранат детето што уби седум девојчиња и едно машко, негови другарчиња. Не велам истите луѓе, ама логиката е таа.
Не било детето криво. Како она, не е кучето криво што заклало дете!
Па кој е крив? Баба ми?
Зошто да не е криво детето?
Дека е убаво на слика, невино изгледа. Ууууу син на мајка, родителите му се криви, системот е крив….
Не бе!
Копиљот е психопат. Точка. Психопатите немаат рогови.
И децата можат да бидат психопати, да ги извршат најсуровите злостори. Докажано. Отворете ги црните хроники по светов.
Го планирал масакрот. Среќа што се оладил, се напил крв доволно, па не ги употребил молотовите коктели од ранецот, по училниците. Веројатно ќе имаше десетици мртви деца, живи запалени. Опа, значи и молотови коктели знаел да прави! Баш е да го жалите!
Пукал и усмртувал со еден проектил, повеќето жртви. Или првиот проектил бил смртоносен. Па тоа бре профи убиец ко да бил. Двете дежурни ученички ги скинал со еден метак. Од блиску, да, но и тоа не е лесно. Дете е по возраст. Од добро ситуирано семејство ко неговите жртви. Без проблем дошол до пиштолите на татко му. Мислите Цанде со плата од триста евра може да си купи магнум и берета од 9 милиметри? Не му требаат. Ќе гледа леб и грав да купи за семејството.
Да немал пиштоли дома таткото на психопатот, немало ништо да се случи. Можеби. Па сепак другите деца иако од богати семејства, не им текнало да убиваат другарчиња.
Не смеете ни трошка жал да имате за тој психопат. А не уште да го жалите.
Значи вежбал пукање и добро се навежбал. За да убива. Да убива невредни за негов вкус. Имал и црн список.
Нарцисоидност до плафон и психопатија. Без грам совест. Нема зошто да го жалите. На девет луѓе им одзел животи и завил во црно над сто луѓе нивни блиски. Пореметен.
Станувате како него ако го жалите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.