На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски сведочеше брачен пар, чие што било возилото ,,рено кангу”, но го отстапиле на партијата Десна.
Сведочеше Ѓорѓи Џолев, кој што рече дека е пријател на Љупчо Палевски и бил претседател на Централениот комитет на Десна. Тој раскажа дека Палевски имал чуден однос со двајцата обвинети, Влатко Кешишов и Велибор Манев.
ЃОРЃИ ЏОЛЕВ
Обвинителство
О – возилото Рено, како сопственост на вашата сопруга коа беше предадено на партијата Десна?
Ѓ – Јас на 09.09.2023 патував во странство, пред тоа е предадено
О – од која причина е дадено возилото?
Ѓ – тоа возило не го користевме, возилото беше потребно за селење на штабот, возилото не беше региститеано и го оставив
О – имавте конекции со партијата?
Ѓ – јас сум претседател на Централен комитет на Десна, член сум од пристапница, меѓутоа претходно бев од 2019 член на движењето Трета полиитка.
о – од кога се познавате со Палевски или со другите обвинети?
Ѓ -Со Палевски од 2017 година, Велибор од короната 2020 или 2021 не знам точно, Кешишев го знам од 2021, времето кога штабот беше на адвокатска уличка, Боре го запознав последен во 2023 година, точно кога не знам
О – како се запознавте со обвинетиот Палевски?
Ѓ – ги пратев неговите поткасти, еден пријател што го знае ме запозна, јас бев член на движењето Трета политика и од Бојкотирам
О – Како комунициравте со Палевски
Ѓ – Јас живеам во Исланд и Македонија, не се дружевме претерано често, во Исланд се слушавме може еднаш месечно, комуницирав преку Вибер, Телеграм, телефон кога сум во Македонија итн.
О – под кој услов го дадовте возилото?
Ѓ – под никаков услов, им го оставив на располагање, претходно беше две-три години кај член на Десна и го оставив таму за да се користи, да го пали од време на време
О – го оставивте и понатаму не ве интересираше што се случуваше?
Ѓ – јас живеам во Исланд, таму цело време се позајмуваат коли, не гледам што е проблемот да се позајми кола. Јас возило често пати користам туѓо и давам мои возила на користење, не гледам причина да се интересирам кој точно вози, зошто и каде, јас ја оставив на располагање и не сметав дека треба да ми рапортра некој
О – Побаравте надомест?
Ѓ – Не
О- Одевте ли често во Десна?
Ѓ – да
о – таму се среќававте со обвинетите?
Ѓ – да
О – може да опишете накратко какви релации имавте со Љупчо?
Ѓ – прво сме пријатели, второ членови на иста партија
О – обвинетиот Влатко го гледавте често?
Ѓ – да, секој ден беше таму
О – а обвинетите Велибор и Боре?
Ѓ – нив поретко,
о – бевте ли присутни во моментот кога се вршеа претресите во седиштето на Десна?
Ѓ – не, бев на распит, ме задржаа 24 часа во станица, ми се јави сопругата испаничена дека ѝ се јавиле од крвни деликти, јас ѝ кажав да не се секира сигурно е нешто ситно, таа кажала дека јас го користам возилото дека таа е само на хартија сопственик и ми се јавија од станица да дојдам.
О- кога беше извршен претресот во партијата познато ви е?
Ѓ – да знам
О – го прашавте ли Влатко на 30ти каде е Љупчо?
Ѓ – да, рече дека е на лекар
О – рековте дека често сте оделе во седиштето на Десна, некогаш видовте пиштол во седиштето на партијата?
Ѓ – да, во штабот во Кисела Вода, Шампионче, во футрола имаше пиштол
О – можете да го опишете пиштолот и прашавте зошто има пиштол?
Ѓ – темна футрола, не знам, не прашав
О – не ви беше чудно што има пиштол?
Ѓ – не прашав, може во моментот кога сум сакал да прашам имало луѓе или слично
О – познато ви е чив беше пиштолот?
Ѓ – не , претпоставувам на Палевски
О – познато ви е како се финансираше партијата?
Ѓ – од донации и чланарини, јас донирав, плаќав сметки, струја итн
О – други лица донираа?
Ѓ – претпоставувам да, немам конкретна информација, донираа луѓе камера, опреми, микрофони итн. Претпоставувам јас плаќав струја, кирии и слично, претпоставуавам дека и друг го правел тоа кога не сум го правел јас
О – кој од обвинетите беше најблизок со Палевски?
Ѓ – Влатко, а Велибор и Влатко имаа дури некој поданички однос, не ми беше јасно зошто така се однесувале, јас на пример пријатели сме со Палевски и сме се карале, сме повишувале тој, чуден однос имаа кога ќе им се повишеше тон не реагираа.
О – знаете Велибор и Боре како доаѓаа во Скопје?
Ѓ – со кола претпоставувам, Велибор го имам видено сам, Боре никогаш не сум го видел сам
О – се видовте ли со адвокатот Васко Стојков и каде?
Ѓ – да, со Васко се гледаме почесто и поретко во одредени периоди, сопругата кога ми кажа дека е повикана во станица го побарав Васко да го чујам, да ми каже што како, се видовме со него, рече оди, веројатно не е нешто страшно, за колата нешто
О – го прашавте дали знае што се случило со Палевски?
Ѓ – не, ми кажа дека го однел во Србија ама не ми кажа што како
О – припремавте ли конгрес?
Ѓ – да, на втори требаше да има конгрес
О – не ви беше чудно зошто го нема за Конгресот?
Ѓ – не, кажа дека претходно отишол
О – Стефан Димковски го познавате, сте се виделе?
Ѓ – да, се познаваме, ние имавме често пати состаноци онлајн, Стефан беше член на Комисија за земјоделите, имавме состанок некој ден пред тоа со комисијата, со Стефан бевме договорени недела дена по конгресот договаравме да одиме заедно на Копаоник на скијање
О – не ви беше чудно што Палевски го нема?
Приговор од Палевски, се работи за невистинити факти во прашањето и одговорот, Централен Комитет и Конгрес се различни тела на партијата
Ѓ – Централниот комитет комплетно јас го спремав и организирав, Партијата има свои органи, се знае според статут како се делува, во случај некој да не може се знае како се делува, кој презема активност
О – што знаевте за Палевски, како претседател трбало да биде присутен, кога ќе се врати
Ѓ – контактирав, преку Телеграм, рече ако завршам работа за кичмата ќе дојдам, не прашав каде
О – како ќе одржувате Централен комитет без лидерот?
Ѓ – се одржува без лидерот, нормално е да се свика Централен без лидерот, Влатко ми кажа дека е отиден некаде на лекар или слично
О – како дознавте информацијата за Вања?
Ѓ – јас видов исчезнато деовјче, јас ја споделив објавата на социјални мрежи, јас во станица дознав дека има нешто, до крај не знаев за што се работи точно, инспекторите кажаа дека нешто има ама не знаев точно што
О – во моментот кога оди официјалната информација дека е пронајдено телото на Вања каде бевте?
Ѓ – јас бев во кафич во Аеродром, заедно со Плотников и уште еден човек Васко Стојков, имавме куче во штабот заклучено отидовме да побараме клуч да го прошетаме кучето, од таму отидовме кај Плотников па во Дион и таму дознавме дека е пронајдено тело
О – слушнавте информација за осомничени?
Ѓ – да, седевме таму и после си отидовме дома
О – комунициравте со Палевски после тоа?
Ѓ – не
О – ви кажа ли некој каде е Палевски
Ѓ -не
О – дали на 22.11.2023 се видовте со обвинетите?
Ѓ – со Влатко, Велибор и Боре не се видов, можно е да се видов со Палевски, 22 ако може да се провери по движењето на мојот телефон мислам дека бев околу пладне во штабот и се видов со Палевски, меѓутоа не можам точно да кажам
О – на 22ри беше возилото во штабот?
Ѓ – јас ви кажав дека не знам дали е 22ри кога отидов, тогаш кога бев не беше возилото во штабот
О – дали на 24ти се видовте со осомничените и кое време?
Ѓ – со Палевски можно е, околу 12 веројатно
О- го видовте возилото?
Ѓ – не би можел да кажам, измешани ми се деновите
О – на 27.11 дали имавте контакт со обвинетите?
Ѓ – Понеделник со Велибор, Влатко и Боре не, со Палевски веројатно да затоа што имавме комуникација секојдневно, претседател на Централен бев
О – додека не бевте приведен не ви кажа Палевски каде е
Ѓ – не
О – за што тогаш комунициравте?
Ѓ – за партијата
О – откако бевте повикани во станица дали имавте контакт со Палевски?
Ѓ – не
О – деновите кога се случуваа настаните од 27ми до 02.12 дали имавте контакт со Палевски?
Ѓ – да, на Телеграм
О – на некој начин го известивте ли Палевски дека сте повикани во полиција?
Ѓ- да
О- сега кажавте дека не сте имале контакт, значи дека ве повикале во станица, не откако излеговте од станица
Ѓ – да
О – што кажавте
Ѓ – дека сме повикани јас и сопругата во станица
О – ви кажа ли Палевски каде се наоѓа?
Ѓ – не, не ни прашав, кратки беа разговорите, кажав треба да спуштам влегувам во станица и толку.
Вкрстено од бранител на Велибор
Вкрстено од Палевски
П – познато ти беше дали поседувам пиштол?
Ѓ – да, мислам дека имавте дозвола
П – кога се случи информативниот разговор?
Ѓ – вечер помеѓу осум и девет
П – дали во разговорот со инспекторот е спомнато моето име?
Ѓ – повеќе луѓе беа, да ве спомнаа
П – на која околност ме спомнаа?
Ѓ – еден од инспекторите ме праша дали сме сакале да ја дестабилизираме земјата. прашуваа за моја комуникација со Вас
П – дали ве прашаа јас како сум се однесувал?
Ѓ – во станица не, обвинителство да
П – на ден 22ри, е одржана Крш дебата, дали се сеќавате дека на 22ри ноември 2023 се одржа подкаст?
Ѓ – да, секоја среда имаше
П – дали ме зтаекнавте пред подкасотот во мојата канцеларија?
Ѓ – да
П- дали разговаравме за комбето, дали ме прашавте каде се наоѓа?
Ѓ – да, одговорот беше дека Велибор го земал возилото да го носи на поправка, имал поевтин мајстор во Куманово, Велибор рекол дека ќе го поправи
ДОПОЛНИТЕЛНО ПРАШАЊЕ ОБВИНИТЕЛСТВО
О- во кое време се емитуваше Крш дебата?
Ѓ – вечер беше