Станува збор за вид на кактус кој припаѓа на фамилијата „Asparagaceae“, а носи потекло од тропската западна Африка.
Свекрвин јазик, името по кое ова растение е познато, е зимзелено повеќегодишно растение кое се чува како декорација во нашите краишта.
Покрај ова име, овој вид на кактус е познат и како индијанско перо.
Не бара претерана нега, па е идеално растение за работни простори, но и за почетници што се однесува до самото грижење за собните растенија и прашања. Долговечно и издржливо растение кое добро поднесува и лоши услови.
Еве неколку причини поради кои треба да ги имате во својата куќа:
Произведува кислород и го намалува загадувањето на воздухот
Едно од најдобрите растенија за произведување кислород.
Декоративен изглед
На дебелите исправени листови ги наоѓаме сите нијанси на зелено, од најсветло до длабока темна зелена боја.
Одлична е во борбата против алергијата
Ја намалуваат појавата на алергии кои се наоѓаат во воздухот. Упиваат штетни гасови, па ако имате проблем со алегрии, ставете го ова растение во собата и веднаш ќе почувствувате олеснување.
Заштитничка енергија според фенг шуи
Според ова верување, кога ова растение ќе го ставите на вистинското место, носи заштитиничка и чиста енергија во просторијата. Во фенг шуи, ова растение е одлично за борбата против негативна енергија, но мора да бидат на некое помалку забележливо место, а наводно најдобобро е во кошовите, и тоа во југоисточниот агол на просторијата.
Лесно се одржува
Ако ништо од досега наведеното не ве натера да се одлучите за ова растение, тогаш овој последен факт сигурно ќе ве фасцинира. Ова растение е лесно за одржување, па може да биде и на сонце, на потполна сенка и без директна сончева светлина, а може да преживее и без вода.