Светиниколско тавче-гравче без брашно

Одлично се вклопува на трпезата на популарната слава и именден, оди со риба, а толку е добро што ја заменува компир салатата.

За претстојниов Свети Никола направете го највкусното тавче-гравче што некогаш сте го направиле.
Знаеме како треба да изгледа една маса на слава. Прво доаѓа мезето, можеби супа, главното јадење, а потоа колачите. Наближува Свети Никола, а бидејќи паѓа за време на божикниот пост, трпезата мора да биде и посна. Како главно јадење најчесто се служи риба, а ви предлагаме наместо компир салата, како прилог да го послужите ненадминливото тавче-гравче. Пробајте го овој рецепт со сушена пиперка и необична запршка која се прави без брашно.

Светиниколско тавче-гравче без брашно

Потребни состојки:
1 кг грав
1 ловоров лист
3 кромида
2 праза
30 мл масло
2 суви пиперки
За запршката:

2 чешниња лук
100 мл масло
2 лажички блага пипер
Подготовка:

Претходната вечер во тенџере истурете грав и вода, па оставете да зоврие. Истурете ја водата и ставете нова, па повторете ја постапката, само сега не истурајте ја водата, туку оставете ја цела ноќ. Следниот ден истурете ја водата и ставете нова, па повторно истурете ја. Повторно прелијте нова вода, додадете ловоров лист и масло и варете на тивок оган. Кога гравот ќе биде готов, префрлете го во земјено тенџере. На многу масло пропржете ситно сечкан кромид и праз (може и поголем), а кога малку ќе омекнат додадете чаша вода. Сувата пиперка издробете ја во блендер или аван, па додадете ја во гравот, како и кромидот (сите со масло). Зачинете по вкус, па добро измешајте. На масло пропржете ситно сечкан лук, додадете благаа пипер и измешајте, па прелијте преку гравот. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 20-30 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.