Светската економија ќе се намали за 4,5% според извештајот на ОЕЦД

Светската економија се претстави подобро од очекуваното, но сè уште е на работ на „невидена“ контракција, предупреди денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Eкономија во светот се опоравува од падот предизвикан од епидемијата на новиот коронавирус побрзо отколку што се очекуваше пред само неколку месеци, благодарение на подобрените изгледи за Кина и САД.

Во својата последна економска прогноза, организацијата предвидува дека светската економија годинава ќе се намали за 4,5%. За споредба, во претходната јунска прогноза, „ОЕЦД“ очекуваше пад на БДП за 6%.

„Падот на светскиот БДП во 2020-та година е помал отколку што се очекуваше, но сепак останува невиден во последно време“, се вели во извештајот на „ОЕЦД“.

Организацијата очекува глобалната економија да порасне за 5% во 2021-ва година. Сепак, изгледите остануваат „крајно неизвесни“ заради пандемијата на коронавирусот.

Кинескиот БДП се очекува да порасне за 1,8% во 2020-та година, што ја прави единствена земја во прогнозата на „ОЕЦД“ чија економија ќе расте годинава.

Во меѓувреме, прогнозата за економијата на САД е да се намали за 3,8%, додека падот во еврозоната ќе биде 7,9%.

Изгледите се дури и помрачни за Индија, Аргентина, Велика Британија, Јужна Африка и Мексико, каде се очекува економскиот пад да биде повеќе од 10%.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.