Светската убавица е непрепознатлива без шминка: На “денот без филтер” се потсетуваме на нејзиното вистинско лице

Еден од најпознатите топ модели од 90-тите години изгледа фантастично, но без шминка е навистина непрепознатлива.
Американската убавица Тајра Бенкс е припадничка на златното време на топ-моделите од 90-тите, а во слободно време ја промовира природната убавина.
90-тите години биле “нејзини”. Нема писта по која не чекорела, едиторијал или насловна страна на кои не се појавила, како ни музички спот, а се појавила и во неколку филмови и серии. Најпознат филм со неа е “Coyote Ugly”, а од сериите можеме да ги издвоиме “Prince of Bell Air” и “Glee”.
Тајра денес е и позната телевизиска личност, а нејзината водителска и продуцентска кариера започнала во далечната 2003-та година, кога почнала да се емитува популарната емисија “America’s Next Top Model”, во кој водела главен збор и создавала нови манекенски ѕвезди, машки и женски.
Шоуто се емитувало повеќе од 20 сезони, а по него Тајра продолжила со разни забавни формати кои одлично и лежат.


Што се однесува до приватниот живот, тука не било секогаш се розово. Имала бројни врски кои не траеле долго, а на Опра и признала дека била во повеќегодишна врска во која била жртва на психичко малтретирање.
Во 2013-та година го запознала норвешкиот фотограф Ерик Асла, со кој кон крајот на јануари го добила синот Јорк, кој им го родила сурогат мајка.


Иако изгледало дека убавицата конечно го пронашла вистинскиот, парот раскинал во 2017-та година.
Исто така, поранешниот топ-модел приватно промовира природна убавина, а бидејќи денес се одбележува “денот без филтер” се потсетивме како Тајра изгледа со и без шминка. На оваа фотографија е фотографирана како јаде и пие пиво и тешко е да се поверува дека тоа е навистина таа.
Разликата е воочлива, но едно мора да се признае – кога очите на светот се насочени кон тебе, а на социјалните мрежи имаш милиони фанови, треба да имаш и храброст да го покажеш вистинското лице.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.