Петте новоизбрани членови на Судскиот совет на Република Македонија се Киро Здравев, Гордана Спиревска, Зоран Теофиловски, Лорета Горгиева и Мирсад Суроји. Тие денес дадоа свеченa изјавa пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Судијката од Основниот суд Скопје 1, Гордана Спиревска во изјава за медиумите посочи дека како член на Судскиот совет ќе биде отпорна на политички влијанија.
-Ние судиите сме независни. Ќе бидеме отпорни на политички влијанија. Јас лично ќе бидам отпорна на политички влијанија, изјави Спиревска и додаде дека професионалноста и стручноста, а не роднинските врски ќе бидат клучен критериум при изборот и унапредувањето на судиите.