Свеќа пред Владата за Благојче Илијевски, пациентите со цистична фиброза ќе се збогуваат со соборецот кој почина чекајќи го лекот

Со едноминутно молчење, свеќи и цвеќе пациентите со цистична фиброза денеска во 14 часот пред Владата ќе се збогуваат од битолчанецот Благојче Илијевски, кој вчера почина како последица на болеста чекајќи го лекот „Трикафта“.

Во исто време, во Битола ќе бидат погребани неговите посмртни останки.
-Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек, реагираа вчера од Асоцијацијата за цистична фиброза.

Според нив Благојче е жртва на системот.
-Тој поради инертноста на системот од надлежните институции и поради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот Трикафта, велат пациентите со цистична фиброза.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.