Состојки:
600 гр свинско филе
50 мл масло
сок од еден лимон
сол, бел бибер
10 гр брашно
100 мл бело вино
150 мл слатка павлака
20 гр путер
магдонос
1 лажица мешавина од суви зачини
Подготовка:
Месото исечкајте го на 12 помали шницли, исчукајте ги со чекан за месо, ставете зачини и сè посипете со малку сок од лимон. Вака подготвените шницли оставете ги малку да одморат.
После тоа посипете ги со брашно од едната страна и ставете ги да се пржат на загреано масло во тава, со набрашнета страна свртена надолу.
Кога шницлите ќе добијат убава светло кафена боја од двете страни, прелијте ги со вино и оставете ги да се динстаат на тивко.
Кон крајот измешајте ја слатката павлака, остатокот од лимоновиот сок, биберот и додадете уште суви зачини. Гответе сè заедно, а кон крајот додадете го путерот.
Добар апетит!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.