СВР Скопје го расчисти вчерашниот обид за силување што се случи во скопската општина Кисела Вода. Имено против 31-годишниот С.Г. од Скопје е поднесена кривична пријава по итна постапка за кривичното дело „полов напад и силување “.
Тој се сомничи дека на 05.09.2024 околу полноќ се обидел да силува 30-годишна жена по што истиот е уапсен и му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.