Тошковски да почне истраги за сите, но и за него и Јанушев!

Го охрабруваме Тошковски да спроведува истраги и да поднесува кривични за сите политичари од сите партии каде има докази, ама може да почне од себе и Јанушев, велат од Социјал-демократскиот сојуз.

– Наместо да спинува со ДУИ, да објасни како тој и Јанушев си направиле бизнис со становите во иста зграда. Нека излезе и нека и каже на јавноста како дошле до конфорните станови со Јанушев и во која постапка.

Што се однесува до ДУИ, очигледно Мицкоски не го информирал дека се во тајна коалиција. ДУИ му обезбеди мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ за измените со кои си направија уште четири министерства за да вдомуваат партиски кадри. Ќе видиме која е цената за тоа, ама коалицијата е веќе направена. 

СДСМ располага со цела документација за случајот подарок од 325.000 евра и ќе ја објави. – велат од СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.