Кризата со jавниот превоз во Скопје која ги остави граѓаните без автобуси беше решена, благодарение на интервенцијата од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Владината интервенција беше лекција која ВМРО-ДПМНЕ им ја одржа на сите политички актери во земјава.
Со оваа одлука Владата помогна да се обезбеди стабилен и ефикасен јавен превоз за граѓаните што е особено важно за нормално функционирање во секојдневието.
СДСМ и Левица како опозиција ја поддржаa одлуката на Владата којашто значи чекор кон решавање на проблемите во скопскиот сообраќај.
Владата успешно ја изменаџира кризата со којашто се соочуваше Град Скопје и даде целосна поддршка, со тоа што го адресираше критичниот проблем во јавниот превоз.
Оваа одлука која беше поздравена СДСМ и Левица ја истакна важноста на брзо и правилно реагирање и важноста на реформите кои ги носи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а кои им го олеснуваат секојдневието на граѓаните и го намалуваат застојот во градскиот сообраќај.
На седница на Советот на Гтад Скопне беше констатирано “нека ова биде добар пример на политичка зрелост и важноста на вакви суштински одлуки за време на кризни ситуации кои се важен фактор за непречено и нормално функционирање во секојдневие”.
Ја поздравуваме одлуката на Владата, добро е што заеднички се носат одлуки од полза на граѓаните, изјави координаторката на Советничката група на СДСМ во Советот на град Скопје Љубица Јанчева.