СДСМ: Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори за средбите со Палевски

Од СДСМ порачуваат Христијан Мицкоски да не молчи за средните со Палевски, туку да излезе пред граѓаните и да одговори, што се договарале.

„Палевски, кој е осомничен за двојното убиство што ја потресе целата македонска јавност, беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ и јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.

Уапсен е возачот на српската војска, откако во сообраќајка починаа пет лица
Уапсен е возачот на српската војска кој управуваше со возилото кое денеска усмрти пет лица во близина на Ушќе, на патот помеѓу Краљево и Рашка. Денеска околу 13 часот и 20 минути се случила …
Груевски открива низа инциденти кои ги преживеал при летови со авион: Честит празник Мала Богородица, здравје и среќа секому, особено кога летате со авион
Работејки како министер и премиер имав повеќе ситуации на повеќе сериозни авионски инциденти со службените авиони на владата, а некој и со комерцијални. Пред точно 24 години на ден Мала Богородица беше еден од …

Со радикални ставови, Палевски беше алатка на ДПМНЕ во црна кампања против СДСМ но и против се што означува демократија во Македонија и за подгревање етнички тензии.

Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ и алатка на политиките на преќутна агресија од страна на ДПМНЕ во изминативе две децении.

Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО.

Беа и дел од насилните протести против францускиот предлог и поставуваа гилотина пред Собранието.

Надлежните органи, пред се Јавното обвинителство согласно законот имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници, вклучително и Мицкоски“, велат од СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.