Белгиската компанија АБЕЕ ќе инвестира во Македонија околу 40 милиони евра и во наредните три до четири години ќе отвори над 600 работни места, со просечна плата од 1.500 евра, соопштија утрово од СДСМ за најновата инвестиција во земјава.
Фабриката за батерии за автомобили ќе се гради во технолошката зона во Кичево.
Од партијата нагласуваат дека економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски даваат резултати.
-Благодарение на одговорниот и ефикасен пристап на Владата предводена од СДСМ во привлекување странски инвестиции, минатата година ја завршивме со рекордни странски директни инвестиции од 753,8 милиони евра, стои во соопштението од СДСМ.