СДСМ: Трошоците за живот зголемени, мерките на владата се задоцнети и нема да имаат ефект

Според податоците од Државниот завод за статистика, трошоците за живот на граѓаните во септември 2024 година се зголемени за 2.6 % во споредба со истиот период лани, додека цените на мало пораснале за 3.3 %, велат од СДСМ.

Ова, според нив, е потврда дека поскапувањата ги оптоваруваат граѓаните, особено во делот на храна и дека мерките на владата на Мицкоски, на Дурмиши и ВМРО-ДПМНЕ се целосно задоцнети.

„Владата не успеа на време да воведе мерки кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и да ги намалат трошоците на живот. Цената за тоа ја плаќа народот.

СДСМ во неколку наврати алармираше дека власта чекаше предолго и дека мерките нема да имаа никаков ефект. Ако се види моментално состојбата во маркетите се потврдува дека речиси и да нема производи со намалени цени, дури забележано е и намалување на грамажата на одредени производи за да се одбегне намалувањето.

Актуелните економски политики на Мицкоски ДПМНЕ се погрешни и со нив стандардот на граѓаните ќе се намалува и понатаму“, се истакнува во реакцијата.

За СДСМ е неприфатливо граѓаните да го носат товарот на економските потешкотии, додека Владата презема мерки со задоцнување кои немаат никаков ефект.

Пронајдете не на следниве мрежи: